Поддржано од:    
                                                                                  
Вторник, 30 Април 2013 11:45

Мрежата на YАТА!

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)


Како претседател на Младинската Атлантската Асоцијација (YATA), избрана сум да претставувам 37 национални ограноци составени од студенти,млади истражувачи и професионалци кои  го даваат свој придонес во подобрувањето на нашата глобална заедница. Во рамки на мрежата се обрнува внимание за важните прашања и предизвици,  конструктивната критика кон носителите на одлуки, промовирање на дијалог, а со тоа и влијаење. Младите ширум светот ја сочинуваат меѓународната младинска мрежа -YATA, и тие работат неуморно на тоа да се вклучат млади луѓе во меѓународната политика и безбедносните прашања.

Ние го правиме ова првенствено преку дебата – со силно верувањето дека ако двајца луѓе се ангажирани во граѓански дијалог, непријателство меѓу нив е помалку веројатно.

Најголемата сила на YATA е тоа што опфаќа мноштво култури, јазици и политички системи. Ова помага да се нијансираата нашите перспективи, вклученост во значаен  дијалог, како  и вклучување на младите од целиот свет во нашите активности. Двете големи иницијативи, Данскииот Атлантски Младински Семинар (DAYS) и Португалскиот Атлантски Младински Семинар (PAYS) се основни примери на нашата работа.

И двата настани  се едно неделнаи семинари вклучувајќи широк спектар на академски и социјални активности, со вовед во културниот и политички контекст на земјата-домаќин. И двата семинари се златна можност да се доживее магијата што се случува кога слободоумни млади луѓе од многу различни националности и потекла се собираат за да комуницираат и да разговараат за некои од клучните прашања во меѓународните односи.

Тоа е најчесто во овие видови на настани на кои се воспоставуваат лични контакти и се раѓаат идеи.

Ја имав среќата да посведочам еден ваков светол пример кога учествував на годишниот 2BS(to be secure) форум кој се одржуваше од 3ти до 6ти јуни 2012 во Будва, Црна Гора. АТА Црна Гора одлучи да биде домаќин на 15 претставници на YATA организациите, претежно од регионот на Југоисточна Европа, кои никогаш порано не се сретнале. Времето поминато заедно на конференцијата ја поттикна соработката на регионот. Брзо беше превземена акција и само неколку недели по настанот беше формулиран проектен предлог за основање на Работна група на YATA за Југоисточна Европа, во форма на договор за соработка кој беше потпишан на скорешното Генерално Собрание на АТА во Рим, Италија. Воспоставувањето на работната група за Југоисточна Европа претставува камен-темелник за YATA и вклученоста на младите од регионот на Југоисточна Европа.

Наша цел е да ги инспирираме младите да станат активни учесници, наместо пасивни слушатели. Волонтерската работа е основа за нашата организација. Ние создаваме силни академски и социјални мрежи и на национално и на меѓународно ниво дејствувајќи како волонтери. Ние признаваме важноста на историјата што се дели преку Атлантикот и вредностите кои биле родени од оваа заедничка историја: слобода, мир, безбедност и владеењето на правото - како што е формулирано во Северноатлантскиот Пакт. Ова се вредности што малку луѓе ќе ги оспорат во голема мера, тие станаа прашање на курсот и се земаат како такви, не се оспоруваат. Ова е местото каде YATA игра значајна  улога, затоа што ние обезбедивме рамка за практикување и на тој начин, доживување на Атлантизмот.

Во контекст на нашата мрежа, концептот станува директно применлив. Како член YATA се сретнувате со луѓе од различни националности, разговарате за широк спектар на политички, социјални и економски прашања и за учење за вредностите и  интереси кои може да се разликуваат во голема мера од сопствениот.

Постојано се обидуваме да одржиме баланс помеѓу тоа да се фокусираме на она што ни е заедничко додека фасилитираме форум на кој можеме да ги дискутираме разликите, да ги анализираме и така подобро да ги разбереме. Во YATA, со почитување ги предизвикуваме взаемните погледи на работите за да добиеме појасна глетка.

Ова е важно  заради широкиот геополитички дијапазон кој го опфаќаме. Ние тоа го гледаме како наша должност- да сториме се што може да се вклучат, да се образуваат и да се мотивираат младите за да преземат учествува во дебати кои во крајна линија ја образуваат нивната иднина. Иницијативи како што е Работната група за Југоисточна Европа се од витално значење во поддршката на младите да одат надвор од границите.

Кристин Дурант е претседател на Младинската Атлантската Асоцијација (YATA). Таа е по потелко од Данска и од Соединетите Американски Држави.
Прочитано 1287 пати Последен пат изменето на Вторник, 30 Април 2013 11:50

1 коментар

Логирајте се за да поставите коментар

Во Фокусот

Мај 07, 2013 2020

Економија и НАТО - 2 дел

Економската состојба и реформите За Република Македонија еден од нејзините најважни приоритети е да…
Апр 30, 2013 1288

Мрежата на YАТА!

Како претседател на Младинската Атлантската Асоцијација (YATA), избрана сум да претставувам 37…
Апр 29, 2013 1054

Можат ли младите лидери да ја зајакнат…

Започнувајќи од пред речиси 60 години, транс-атлантското партнерство е несомнено главниот елемент…
Апр 25, 2013 969

Економија и НАТО - 1 дел

(Не)Подготовка на бизнисот за членство во НАТО Членството во НАТО е настан со трајни политички…
Апр 24, 2013 1630

Инфилтрација на џихадистичките движења…

Сметана за европска „граница“ во борбата со милитантниот Ислам, Југоисточна Европа (ЈИЕ)…
Апр 10, 2013 1098

Говор на Н.Е. Талат Џафери, по повод…

ГОВОР НА Н.Е., ТАЛАТ ЏАФЕРИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕЦИЈАТА ЗА…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 887

Во чест на Договорот од Вашингтон -…

Неможам да ја избегнам темата и да не ја посветм мојата втора колумна на Атлантика на Договорот од…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 1658

Добредојдовте на Атлантика!

Мислејќи се како да ја најавам и отворам Атлантика, а притоа да ви го претставам целиот концепт на…