Поддржано од:    
                                                                                  
Среда, 24 Април 2013 12:19

Инфилтрација на џихадистичките движења во Југоисточна Европа – Главни жаришта во глобалната стратегија за анти-тероризам

Оценете ја оваа вест
(4 гласови)


Сметана за европска „граница“ во борбата со милитантниот Ислам, Југоисточна Европа (ЈИЕ) претставува центар на глобалните против-терористички напори речиси две децении. Заради нејзината етничка разноликост, географска позиција, историјата на воени судири, ЈИЕ стана централно жариште на Глобалната војна со теророт. По последните бомбашки инциденти во автобусот во Бургас, регионот стана особено ранлив на џихадистички активности кои имаат потенцијал да го поткопаат ранливиот мир изграден во последните години. Овој текст ќе ги анализира џихадистичките активности во ЈИЕ за да ја демонстрира важноста на развивањето на кооперативна  стратегија со земјите во ЈИЕ што ќе ја зголеми нивната мотивација и оперативните можности за развивање на ефективна противтерористичка стратегија за регионот.

Анализите за џихадистичка инфилтрација во ЈИЕ ќе се фокусираат на три фактори.

Прво, како приливот на странски борци и пари за време на изминатите воени години влиаеше врз регионот. Второ, како џихадистичката инфилтрација продолжи и по завршувањето на војните во регионот и нејзиното влијание врз глобалната безбедност. Трето, како континуираните џихадистички активности ја поткопуваат безбедноста на ЈИЕ и импликациите за регионот во иднина.

Навала/прилив

Насочувајќи се кон Исламскиот свет за време на воениот период, претседателот Изетбеговиќ го овозможи прилив на илјадници муџахедини или “свети војници” да им асистираат на измачените припадници на исламската популација. Најмногу, доагајќи од Северна Африка и земјите од Блискиот Исток, со силна финансиска и политичка поддршка од земјите од заливот, странските џихадисти не само што овозможија материјална поддршка туку и започнаа со кампања на претставување на својата идеологија базирана на некомпромитирачка и радикала верзија на вахабистичкиот исламизам кој денес доминира во регионот.

Бројките варираат, меѓутоа помеѓу 700 на почетокот на војната и 3000 муџахедини до крајот на 1995 година, се инфилтрираа во Југоисточна Европа. Играјќи важна улога за време на воениот период, голем дел од нив продолжија да се борат на други жаришта како на пример на Косово, Албанија, Чеченија и Авганистан, додека многумина и ги посадија своите корени, длабоко во босанското и албанското општетсво стапувајќи во брак со локални жени или аплицирајќи за државјанства.

Ова создаде комплексен проблем за босанските и албанските власти. Од една страна, странските борци поради дадената помош во тешките времиња, во очите на локалното население беа гледани како херои. Од друга страна, тие ги поткопаа напорите за градење на регионален мир преку ширењето на својата идеологија и спроведувајќи терористички активности, попречувајќи ја способноста на Југоисточна Европа целосно да се интегрира во евроатлантскиот регион или да соработуваат со меѓународната заедница. Ова доведе до релативно низок степен на владини акции против терористичката инфраструктура кои сепак се спроведоа главно само за да се задоволи западот.

Овој проблем ја нагласи динамичноста на регионалните анти-терористички напори денес поради фактот што приливот/навалата на странски борци и пари за време на војната дозволија џихадистите да придобијат значително влијание во рамките на југоисточно европското општество, значително поткопувајќи ги напорите на регионалната соработка.

Влијанието на меѓународната заедница

Кревките политички системи во Југоисточна Европа по завршувањето на војната дозволија странските џихадисти да се консолидираат и да го прошират своето влијание преку граѓанското општество како и да добијат позиции во новоформираните владини институции. Слабата централна власт и растот на места низ регионот кој не се владеани/контролирани од самата власт, им дозволија да оперираат слободно, додека државните спонзорства како на пример од Саудиска Арабија, воспоставија хуманитарни и невладини организации како што се “Third World Relief Agency”, ”Al-Haramain Islamic Foundation” и “Saudi High Commission for Relief” преку кои ја канализираа финансиската и логистичката поддршка на муџахедините.

Ова предизвика две главни грижи: прво, доведе до проширување на домашниот екстремизам и растот и ширењето на инфраструктурата на Dawa во земјата. Второ, создаде критична попатна точка каде џихадистите може да добијат тренинг заедно со оперативна, финансиска и логистичка поддршка за време на нивните патувања.

Ова имаше 4 главни ефекти врз анти-терористичките напори низ светот

  1. Домашен екстремизам - на Исламот во Југоисточна Европа традиционално се влијае преку Hanaffi школата за Сунитски Ислам, позната по својата промоција на толеранцијата и со репутација дека е умерена и високо секуларна. Напливот на вахабизам доведе до радикализација и внатрешни судири помеѓу муслиманските земји. Уште повеќе, до 1995 идеолошките цели на муџахедините се пренасочија од помагање на оние со иста религија, кон создавање на фронт против западот. Нивните цели беа да го рашират џихадот и да развијат основа за милитантски Ислам преку кој ќе се нападе Европа. Пропагандата на оваа идеологија значително порасна за време на воениот период. Во октомври 2001, вахабист ја нападна амбасадата на САД во Сараево, додека во 2010 српската полиција откри терористичка келија која оперирала во планинскиот регион на Санџак преминувајќи ја границата меѓу Србија и Црна Гора и која планирала напади над амбасади на земји од западот во Белград.

  2.  Инфилтрирање во владата - Воглавно поради домашниот екстремизам концентриран во Босна, разузнавачките агенции веруваат дека Босна е единствената земја во Европа каде сипматизери, сурогати и соработници на џихадистите имаат владини позиции. Во февруари 1996, планови за напад на структурите на НАТО во Босна беа откриени во терористички тренинг камп близу Сараево, пополнети од ирански инструктори. Командант на кампот беше шефот на босанската тајна полиција и близок човек на Алија Изетбеговиќ, Бакир Алиспахиќ. Денес тој е на чело на комитетот за безбедност во партијата на Изетбеговиќ, и покрај тоа што се наоѓа на црната листа на САД за поединци кои имаат забрана за влез поради поврзаност со тероризам. Покрај ова, беше наводно потврдено дека босанските амбасади и конзулати низ светот издаваат пасоши на Исламистички екстремисти, предизвикувајќи сериозни грижи за степенот на инфлитрираност во владата.

  3. Транзит – Патувајќи од Европа до Блискиот Исток или Централна Азија и обратно скоро  неизбежно е да не се помине преку Југоисточна Европа. Нејзината  географска  локација, слабата гранична безбедност и несигурните влади ги направија земјите од Југоисточна Европа клучна транзитна рута за нови или џихадисти кои се повлекуваат од воените зони. Војната во Ирак во 2003 го илустрираше ова со тоа што многу џихадисти се пробија преку овој регион со цел да се борат  против силите на Коалицијата во Ирак, добивајќи пари, тренинг, официјални документи и религиска посветеност пред да се прокриумичарат преку Балканот до Средниот Исток и vice versa.

  4. Пристап до правни документи – можноста со пасошите од земјите од Југоисточна Европа да се патува без виза низ Европа, го зголеми и бројот на пасоши издадени на џихадисти од страна на  локалните власти. По 11 септември, западните тајни агенции за разузнавање предупредија некои власти, да се штитат од патници кои поседуваат босански пасоши знаејќи дека некои од најбараните терористи добија босански државјанства за време и по војната.

Пронаоѓањето на босански пасоши во Авганистан, Чеченија, и Ирак ги зголемија барањата на меѓународната заедница, Босна да ги зголеми своите напори во борбата против екстремистичкиот исламизам и заштитата при издавањето на своите правни документи.

Комбинацијата на овие четири фактори придонесоа џихадистичките активности во Југоисточна Европа да имаат големо влијание во светот. Ветераните на босанскиот Kateebat el-Mujahidin (Батаљонот на свети војници) вклучуваа и џихадисти од висок профил како на пример: Khalid Sheil Muhammed (главниот организатор на 9/11), Juma al-Dosari (инволвиран во бомбардирањето на Кобар кулите во 1996 во Ријад, Omar Saeed Skeikh (инволвиран во киднапирање во 2002 и обезглавувањето на новинарот на Wall Street, Daniel Pearl), Juma al-Dosari (учесник во бомбардирањето на USS Cole во 2000) и многу други. Ова резултираше со тоа регионалните и меѓународните разузнавачки агенции да останат во ќор-сокак кога се работи за прашањето како да се однесуваат кон оваа ситуација со оглед на тоа што џихадистичките активности ги разгоруваа судирите меѓу граѓаните, ги корумпираа локалните власти, ги загрозуваа меѓународните сили и ја поткопуваа политичката реконсилизација.

Импликации во иднина

Со екстензивната мрежа и длабоко вкоренетата Dawa инфраструктура, иднината  на Балканот не изгледа сјајно. И покрај подобрувањата во регионалната соработка во последните години и заживеаните напори на некои од локалните власти да се вклучат во анти-терористичките активности, Југоисточна Европа има долг пат да изоди пред да може да се каже дека е доволно обезбедена од џихадистички активности.

Како што земјите од Југоисточна Европа продолжуваат да работат кон приближување на евроатлантските интеграции и НАТО членство, нивните цели ќе бидат особено истакнати преку идна меѓусебна соработка и соработка со меѓународната заедница со цел справување со заедничките закани. Со зголемувањето на ангажманот на Западот, нивниот надзор,  снабдувањето со оперативна и финансиска поддршка за локалните и регионалните власти, изработка на заеднички анти-терористички кампањи, продолжување на поддршката и охрабрувањето на умерените муслимани, оспорувајќи ги радикалните исламисти и нивните идеологии и воспоставувајќи мултинационални работни групи со доволен авторитет и надлежности да се справуваат со терористички активности може да се дојде до голем прогрес. Доколку и кога овие мерки би се превземале, земјите од Југоисточна Европа може да се здобијат со големи предности кога станува збор за нивниот безбедносен дефицит, консолидирајќи го нивниот политички напредок и движејќи се напред кон реконсилизација и коегзистенција. Ова ќе резултира не само со евроатланска интеграција и членство во НАТО, туку и со настанување на ситуација во која земјите од Југоисточна Европа веќе не се само увозници туку едни од главните извозници на безбедност во меѓународната заедница.

Џејсон Вајсман е роден во Канада каде што има дипломирано на Queen's University, Кингстон, Онтарио. Како член на Атлантскиот Совет на Канада, тој главно се занимава со истражување и анализа за прашања поврзани со анти-тероризмот. Моментално работи како проект менаџер во Светската Атлантска Асоцијација, во секретаријатот во Брисел.

Оригиналната верзија од текстот, на англиски јазик ќе ја најдете во списанието SEE REVIEW на следниот линк: http://issuu.com/djugumanov/docs/see_review_volume_1_-_issue_1?mode=window

Прочитано 1714 пати Последен пат изменето на Четврток, 25 Април 2013 20:00

2 коментари

  • Коментирајте Милорад Сабота, 27 Април 2013 14:48 објавено од Милорад

    Одличен текст, поврзан со мојот труд за тероризмот, секоја чест за Џејсон.

  • Коментирајте Hristijan Среда, 24 Април 2013 14:18 објавено од Hristijan

    Интересна тема која сепак предизвикува многу поголемо внимание надвор, отколку кај повиканите надлежни во регионов.

Логирајте се за да поставите коментар

Во Фокусот

Мај 07, 2013 2093

Економија и НАТО - 2 дел

Економската состојба и реформите За Република Македонија еден од нејзините најважни приоритети е да…
Апр 30, 2013 1374

Мрежата на YАТА!

Како претседател на Младинската Атлантската Асоцијација (YATA), избрана сум да претставувам 37…
Апр 29, 2013 1110

Можат ли младите лидери да ја зајакнат…

Започнувајќи од пред речиси 60 години, транс-атлантското партнерство е несомнено главниот елемент…
Апр 25, 2013 1035

Економија и НАТО - 1 дел

(Не)Подготовка на бизнисот за членство во НАТО Членството во НАТО е настан со трајни политички…
Апр 24, 2013 1715

Инфилтрација на џихадистичките движења…

Сметана за европска „граница“ во борбата со милитантниот Ислам, Југоисточна Европа (ЈИЕ)…
Апр 10, 2013 1158

Говор на Н.Е. Талат Џафери, по повод…

ГОВОР НА Н.Е., ТАЛАТ ЏАФЕРИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕЦИЈАТА ЗА…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 927

Во чест на Договорот од Вашингтон -…

Неможам да ја избегнам темата и да не ја посветм мојата втора колумна на Атлантика на Договорот од…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 1723

Добредојдовте на Атлантика!

Мислејќи се како да ја најавам и отворам Атлантика, а притоа да ви го претставам целиот концепт на…