Поддржано од:    
                                                                                  
Понеделник, 08 Април 2013 13:25

Добредојдовте на Атлантика!

Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(3 гласови)


Г-дин Илија Џугуманов Мислејќи се како да ја најавам и отворам Атлантика, а притоа да ви го претставам целиот концепт на платформата, но и да не се задржам само на технички елементи, туку и да презентирам факти и анализи, се одлучив да пишувам за една тема која самата глобализација и енормниот раст на технологиите, ја прави се по приоритетна и ја става на врвот на листата на многу светски фактори од различен карактер (влади и држави, меѓународни организации, приватни корпорации и слично).

Со оваа прва колумна ќе се посветам на еден, од една страна глобален проблем, ризик и закана, но од друга страна, можност за едно подобро и посветло „утре“. Тоа е светот на Интернетот! Светски информатор, понекогаш и едукатор, отворен форум за комуникација, но и арена за тероризам и нови современи начини на војување.

Во декември 2000 година, Интернетот имаше повеќе од 360 милиони корисници на светско ниво, а сега, по само нешто повеќе од тринаесет години, само социјалната мрежа Facebook  има повеќе од 750 милиони корисници. Уште повеќе, моментално само три социјални мрежи (Facebook, Twitter and LinkedIn) имаат повеќе од милјарда корисници.

Имајќи го ова на ум, сведоци сме на експлозивен раст на Социјалните медиуми во последните години како резултат на нивното користење на Интернет.

Социјалните медиуми сè се повеќе важни за креирањето на јавното мислење. Сведоштво за тоа е исклучителното влијание кое тие го имаа во арапскиот свет. Алатките со кои се користат социјалните медиуми јасно го искажаа своето влијание за време на арапската пролет, на места каде гласот на мнозинството беше значаен.

Од друга страна пак, cyber тероризмот, е само уште еден доказ, како негативните субјекти знаат да го искористат секој ресурс, за правење на најразличен вид на неред и дисбаланс во општествата. Cyber нападите сè се поголема закана по светскиот мир. Доказ дека денешниот тероризам, во голема мера се разликува од класичните начини на војување. Со самиот раст на технологиите и развојот на информатичкото општество, се отворија вратите за многу негативни актери кои имаат за цел злоупотреба на достигнувањата на современото општество.

За таа цел, круцијално е нашето присуство, нашата информираност и едуцираност во насока на користење на сите ресурси на новото време, се со цел постигнување на траен мир во светот.

Во таа насока, НАТО е активен на многу дигитални платформи. На пример, НАТО има повеќе  од 60 000 поддржувачи на Facebook, поврзувајќи луѓе кои се заинтересирани за активностите на Алијансата. Додатно, Генералниот Секретар на НАТО е силен поддржувач на социјалните медиуми, со повеќе од 70 000 следбеници на своите Facebook и Twitter профили. Алијансата гледа на Интернетот како алатка за зголемена демократизација.

Уште само еден доказ, за посветеноста во оваа област на Алијансата, а посебно на НАТО секторот за јавна дипломатија, е поддршката на овој проект, со главна идеја и мисија насочена кон овозможување на правото на глас, како и да се остави простор на заинтересираните за прашањата од безбедноста и одбраната во земјата, но исто така и за млади креатори на мислење.

Идејата ќе биде можност за Евро-Атлантскиот Совет на Македонија да понуди платформа за дебата и да се наметне како фактор кој влијае врз позитивната демократска атмосфера. Социјалната мрежа ќе овозможи вистински и непосреден демократски процес кој ќе го збогати македонското општествено и критичко живеење. Поради тоа, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ако организација која е посветена кон евроатлантските интеграции и развојот на демократското македонско општество, неуморно ќе работи да ја направи вистинската мрежа според предвидената замисла, но и да постигне многу повеќе од тоа.

Креирањето на социјална мрежа за безбедност - онлајн платформа, ќе биде прва од таков вид во земјата и регионот каде јавноста ќе може да дебатира на клучните безбедносни и одбранбени прашања, да ги анализираат и истражуваат глобалните предизвици, да креираат свои профили, пишуваат статии, блогови, коментари, како и да споделуваат настани и да даваат оценки на содржините.

Социјалната мрежа ќе биде креирана преку самостоен софтвер кој вклучува различни опции со цел да се привлечат повеќе посетители.

- Профили на членови

Преку социјалниот дел на Атлантика, секој посетител може на лесен начин да креира свој профил со свои информации и со можност истиот да ги прилагодува и уредува. Мрежата е поставена да не претставува ништо потешко и посложено од сите познати светски социјални мрежи. Едноставно, дури и подостапно, бидејќи самата социјална мрежа Атлантика е на македонски јазик, што ја прави подостапна за секој граѓанин.  Други опции кои ги имаат на располагање членовите се: разговор односно (chat) и пораки (IM), модул на претплата, каде членовите имаат можност да добиваат newsletters на дневна, неделна или месечна основа.

- Блог и форум

Една од најсилните форми за генерирање на свесност и кредибилитет во рамките на мрежата ќе биде блогот – односно ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ - повеќе од начин за еднонасочна комуникација. Членовите може да коментираат, реплицираат и генерално да привлекуваат публика заинтересирана во темата и да ги доближат со цел продолжување на разговорот и односот. Менаџментот на мрежата ќе промовира мислења и прашања кои се интересни и кои креираат можности за развивање на мислата и лидерските способности.

Секој член може да обележи (tag), оцени или коментира, но и повеќе од тоа, секој членможе да пишува колумни ,форматира текст и да прикачува слики.

Форумот ќе биде место за онлајн дискусија каде членовите може да комуницираат во форма на поставување на пораки помеѓу себе кои ќе бидат привремено архивирани.

Во зависност од подесувањата на форумот, корисниците може да се анонимни или би морале прво да се регистрираат на форумот, а подоцна да се логираат со цел поставување пораки.

Форумот исто така вклучува подесувачки (drag'n'drop) секции, прикачување на документи, форматирање на текст и прикачување на слики.

На социјалната мрежа исто така ќе има и простор за колумни на дневна база.

Колумнистите ќе бидат претставници на НАТО, членови на АТА и YATA, амбасадори, политичари, експерти и останати профили со напредно знаење на темите, кои ќе го искажуваат своето мислење во врска со различни актуелни теми и секако нивното лична перцепција во врска со најважните и најактуелни случувања во областа на безбедноста и атлантските интеграции.

Како додаток, самите Facebook, Twiter and Youtube канали, ќе бидат составен дел дел од мрежата. Секој член има можност за означување, споделување и оценување на статиите. Членовите може да креираат јавни или приватни настани и да покануваат свои пријатели.

Атлантика стартуваше! Ги очекуваме вашите статии! Затоа Ве покануваме и Ви препорачуваме свечено да го креирате својот профил и да го споделите вашето мислење со нас и сите наши читатели!

Понатаму, голем дел од идните настани, организирани од страна на ЕАСМ ќе бидат објавувани на мрежата и пренесувани преку видео конференции.

НАКРАТКО, ЦЕЛИТЕ НА ПРОКЕТОТ СЕ:

Да го подигнат нивото на комуникација во врска со прашања за атлантизмот преку форуми, блогови и видео конференции како методи кои се актуелни кај современите општествени чинители. Потоа, дополнителна цел е да се подигне нивото на дебатата за прашањата од областа на безбедноста и одбраната помеѓу генерациите во сите сфери на општеството. Целта е да се мотивираат помладите генерации, давајќи им шанса нивните статии да бидат објавени како и да дебатираат со оние кои донесуваат одлуки при што ќе се создаде вистински простор за разговор.

Дополнително, членовите ќе имаат можност да изнајдат различни решенија за идната евроатлантска интеграција на земјата и да ја подигнат јавната свест за овие процеси

Со сите наведени опции и можности, се надевам дека ќе придонесеме кон тоа, сите оние кои се заинтересирани за овие прашања, да имаат можнот да се соберат, како и да дебатираат на едно заедничко место каде што ќе имаат можност да понудат мислења и решенија за сите домашни и глобални проблеми.

Тука некаде, би ја завршил овааа најава – прва колумна. Се надевам дека барем кај некои од вас, го разбудив чуството за општествен придонес. Придонес кој понекогаш може да е наизглед неконвенционален, но премногу значаен за одреден актуелен државен, регионален, а уште повеќе светски проблем.

Прочитано 1657 пати Последен пат изменето на Петок, 26 Април 2013 10:48
Илија Џугуманов

Г-дин Илија Џугуманов е дипломиран политолог на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во моментот, ја подготвува својата магистерска теза на постдипломските студии за Меѓународни односи - разрешување на конфликти, на програмата од страна на Универзитетот во Гетеборг, Шведска (ТЕМПУС Проект). Џугуманов е претседател на Младината на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија (YATA Македонија). Како голем промотор на регионалната соработка и атлантизмот, на Светското Генерално Собрание во Рим 2013 година, тој беше избран за заменик-претседател за јавна дипломатија на Светската Младинска Атлантска Асоцијација (YATA) и стана еден од членовите на Извршниот одбор на светско ниво (чадор организација на 42 национални ограноци во светот).

Вебсајт www.atamacedonia.org.mk
Логирајте се за да поставите коментар

Во Фокусот

Мај 07, 2013 2020

Економија и НАТО - 2 дел

Економската состојба и реформите За Република Македонија еден од нејзините најважни приоритети е да…
Апр 30, 2013 1287

Мрежата на YАТА!

Како претседател на Младинската Атлантската Асоцијација (YATA), избрана сум да претставувам 37…
Апр 29, 2013 1054

Можат ли младите лидери да ја зајакнат…

Започнувајќи од пред речиси 60 години, транс-атлантското партнерство е несомнено главниот елемент…
Апр 25, 2013 969

Економија и НАТО - 1 дел

(Не)Подготовка на бизнисот за членство во НАТО Членството во НАТО е настан со трајни политички…
Апр 24, 2013 1629

Инфилтрација на џихадистичките движења…

Сметана за европска „граница“ во борбата со милитантниот Ислам, Југоисточна Европа (ЈИЕ)…
Апр 10, 2013 1097

Говор на Н.Е. Талат Џафери, по повод…

ГОВОР НА Н.Е., ТАЛАТ ЏАФЕРИ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕЦИЈАТА ЗА…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 887

Во чест на Договорот од Вашингтон -…

Неможам да ја избегнам темата и да не ја посветм мојата втора колумна на Атлантика на Договорот од…
Г-дин Илија Џугуманов
Апр 08, 2013 1658

Добредојдовте на Атлантика!

Мислејќи се како да ја најавам и отворам Атлантика, а притоа да ви го претставам целиот концепт на…